Бомба на Богојески: Мицкоски е Мали Слобо од Македонија

0
1052

Денот по утрото се познава!!! Мали Слобо од Македонија!!! Желбата да се биде „Слобо во Македонија” не можеше да биде сокриена. Таа е посилна од се! Прв потег и се е на виделина! Офицерите треба да ја водат Армијата! Цивилите ги водат безбедносните структури! Така е во целиот нормален свет, тоа кај нас е уставна категорија, но и НАТО стандард!!! Мицкоски прво покажа елементарно непознавање на Уставот на Републиката, НАТО стандардите и немање на минимален тим за носење на сериозни државни одлуки или за делегирање на функционери на одговорни позиции!, напиша Петар Богојески од Македонски концепт.

„Второ, сака да биде како Слобо, па “армиски официри” да ја водат Владата, што е крајно опасно по демократските процеси во земјава! Трето, во ред, грешки се прават… еве Христијан погреши… извини се на јавноста, нема да се повтори и пушти нов предлог! Толку треба. Но запрепастува обидот да се релативизира скандалот со “меко читање на Уставот” од страна на конституционалка како Гордана Силјановска – Давкова или од мермерната палата која ја вклучи цела бот машинерија да брани нешто што не се одбранува! Четврто, тенденцијата да немаш грам капацитет и самокритика да си ја согледаш сопствената грешка, да си ја голтнеш суетата и да се корегираш, зборува за каков човек е Христијан! Петто, како можеше Ковачки да не му каже на Христијан дека има уставна пречка да биде МВР, а станува збор за професионалец?!? Или му соопштил, а Христијан му кажал остави ти тоа Устав?!? Јас сум Устав во земјава?!? Се е можно, зашто мермерната палата има такви магични моќи… така дејствува, те прави да помислиш дека си монарх… го видовме тоа со Никола! Шестто, го уништија човекот, само името му го извадија, без никаква потреба!, пишува Богојески.

Понатаму во објавата се вели: Дечки ова е пораз за ВМРО ДПМНЕ, не само за Христијан. Да тврдиш дека во фокусот ни е правна држава, а да зборуваш за тврдо или меко толкување на Устав… толку беше од тврдиот став за правна држава… го однесе надојдениот Вардар, уште неискажан!!!

„А знаете ли што е најскандалозно?!? Обидот да се оправда овој потег на Христијан со тоа што Заев исто правел?!? Па нели ќе бевме поинакви и подобри од Заев?!? Од каде сега тој порив да сме исти како Заев?!? Е тука лежи зајакот! Затоа не ја бива таа „Обнова за Македонија”… зашто сирота таа има фабричка маана… и нема оправка!!!“, пишува во објавата.

П.с. Пред да почнете да хејтате, да Ви кажам дека Драган ми е колега, сме соработувале и на мене ми одговара он да е министер! Ама правдата е поважна! Не требаше ова да му го направите на човекот! – завршува Богојески.