БОМБА за РЕЖИМОТ директно од ВАШИНГТОН – Стејт департмент: Длабоко сме загрижени по одлуката на претседателот Иванов, тоа е заштита на корумпираните политичари

0
963

Од канцеларијата на заменикот-државен секретар и портпарол, Џон Кирби, повикуваат македонскиот претседател да ја преиспита својата одлука за аболиција на лица коишто се предмет на истрага, пренесува Гласот на Америка.

„Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени по одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за аболиција на лица коишто се предмет на истрага, а во врска со скандалот за прислушување. Доколку оваа одлука биде имплементирана, тоа ќе значи заштита за корумпираните официјални претставници, како и порекнување на правдата за македонскиот народ. Воедно, тоа ќе значи натамошно подривање на владеењето на правото во Македонија, интегритетот на македонските правни институции и кредибилитетот на лидерската определба спрема фундаменталните вредности на НАТО и ЕУ.

Како пријател на Македонија, САД упатуваат силен повик до претседателот Иванов, да ја преиспита својата одлука и да дозволи Специјалното Јавно Обвинителство, формирано како дел од Договорот од Пржино, да ги истражи сериозните наводи за владините незаконски дела, и да дозволи судовите да ја вршат својата работа. Исто така, ја охрабруваме актуелната Влада и политичките партии, да продолжат да работат на спроведување на реформите коишто ќе ги зајакнат демократските институции и ќе ја вратат Македонија на патот кон кредибилни избори и евро-атлантска интеграција“, се наведува во соопштението на Стејт депарментот.