БОМБАСТИЧНА НАСЛОВНА НА ФОКУС: Западот готви „црна листа“ за првите луѓе од власта

0
2650

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:17202972_1279917148724547_4452510692101268254_n-670x904

ХОРХЕ ЌЕ МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ЗАЕВ, АКО СЕ ОТКАЖЕ ОД КРИВИЧЕН ПРОГОН НА ФАМИЛИЈАТА
Ако Хорхе и Гвујо одат по логиката дека платформата на албанските партии е антимакедонска и против унитарноста на државата, што ќе ги спречи за неуставен и антидржавен да го прогласат и концептот на Заев „Едно општество за сите“, кој нуди проширување на јазичните права на Албанците? Ќе мора ли и СДСМ да се откажува од својата политичка програма за Иванов да му го додели мандатот?

ВОЈНА НА ПАСТИРОТ СО МАКЕДОНИЈА
Тешко се кинат, ама полека распукуваат дебелите јажиња со кои диктаторскиот режим на Фамилијарните мафии на Македонија и на поголемиот дел од македонските граѓани силно им ја стегаше главата. Кај да е, конечно и ќе се скинат.

ФАМИЛИЈАТА НА „ЦРНА ЛИСТА“
Откако Иванов одби да му го додели мандатот на Заев, повторно станува реалност можноста меѓународната заедница да определи санкции против поединци кои се однесуваат недемократски и антиуставно, со тоа што го спречуваат парламентарното мнозинство да формира влада. Кој се од врхушката на власта може да се најде на црната листа?

АКО ГО ИЗБЕРЕТЕ ВМРО, ЌЕ ЈА ИЗГУБИТЕ МАКЕДОНИЈА!
Овде сѐ уште ме задржува гробот на мојот татко и мојата мајка, која пред една недела беше жестоко пцуена и навредувана од овие лудаци. Да заборавам, да простам? Не, јас немам никаква врска со нив, со оваа мутација на она што некогаш беше питом и музикален народ. Резигниран, но дециден, концизен и јасен е Златко Ориѓански, гуруто на култната „Анастасија“ во интервју за „Фокус“

НЕВЕРОЈАТНО СВЕДОШТВО
Животната приказна на Биенвенида Бехар, Еврејка од Скопје, е како сценарио за филм. На 4 годишна возраст добила нов идентитет, за да се спаси од Треблинка, а на 13 години ја дознава вистината. Сосема сама заминува за Израел, а повеќе од половина век се обидува да го открие семејното стебло. Потрагата по корените ќе ѝ открие и наследство во Скопје, кое и ден денес не може да го добие

ТРАМВАЈ ИЛИ ТРАКТОР?
Трамвајот, како симбол на СДСМ, бара цивилизирана средина и не остава зад себе оштетување, дури е безбеден и за воздухот, оти не загадува. Тракторот, како симбол на ВМРО-ДПМНЕ, троши најнечисто гориво и зад себе остава длабоки бразди, ја разурнува постојната состојба и не се снаоѓа баш добро во цивилизирани услови, туку во рурална средина

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
Светлата во градината затреперија, претседателот ја слушна наредбата на Александар на чист македонски јазик: пресечи го јазолот како јас во Гордион. Ччччекај, викна претседателот вознемирен, јас веќе пресеков, одлуката е донесена. Само не знам како да му ја објаснам на народот. Нема што да објаснуваш. Ќе кажеш дека Македонија е во опасност и готово…

Стојан АНДОВ
Заев треба да го објави договорот што го постигнал со партиите на Албанците, за да се увери секој дека тој договор не е акт на предавство и не е ништо повеќе од она што го дал и го нудел Груевски кога преговарал со Ахмети. Објавувањето на тој документ може да ги релаксира односите

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За очекување е дека НГ ќе оди до крај. Тој зад себе веќе ги урна сите мостови на своето институционално спасување, така што играњето на картата на граѓанска војна му се чини како единствено можно спасение. Но, и нему и на претседателот на РМ треба да им е јасно дека употребата на армијата против сопствените граѓани е тежок криминал

Ана ПАНОВСКА
Без дилема, ја живееме најнеизвесната етапа од постоењето на Македонија досега. Дали сме свесни, или не сакаме да бидеме свесни, дека овие опасни игри што сега ги игра Груевски не се ни приближно така наивни како што било што досега се играло

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Ќе остане јанsата од „ендемскиот“ заведен и дезинформиран народ кој ја поддржуваше идејата за Мафијадонија, недозволувајќи да згасне и во таа љубов кон мафијата се залагаше да се исчистат „предавниците“ и „странските платеници“, а не криминалците

Рамадан РАМАДАНИ
Или окончувањето на клинч состојбата ќе биде преку некакво вклучување на публиката, што може да се случи со некоја граѓанска иницијатива за покренување избори во некои локални единици или со возвраќање на некоја од секојдневните провокации од страна на тврдокорните грујобрани