Богојески на средба со младите во Дебар маало

0
913
На овие избори, граѓаните не одлучуваат само за себе, туку и за иднината на нивните деца. За иднината на државата, за младите. Држава која ќе направи се да ги задржи младите талентирани кадри овде во Македонија. Држава која ќе ги вреднува знаењето и талентот, а не партиската книшка.
„Во изминатите 30 години се променија многу влади и опозиции, а проблемите остануваат исти. Дали Македонија денес всадува во вас верба во иднина во која државата нуди шанса младите да останат овде? Дали верувате дека имате квалитетно образование? Дали верувате дека вашата универзитетска диплома се вреднува? Сите го знаеме одговорот, зарем не. Премногу ветувања, а ништо реализирано. Младите луѓе немаат перспектива. Во оваа земја ако немаш партиска книшка си никој и ништо. Ова е поразителен факт. На времето младите од внатрешноста на државата перспективи и можност за сигурна иднина гледаа во Скопје. Сега, младите луѓе од Македонија, вклучувајќи го и Скопје излез бараат во карта во еден правец за некоја од европските дестинации”, изјави Петар Богојески лидер на политичката платформа Македонски концепт.
Иднината на младите зависи од одлуките на секој граѓанин поединечно. За иднината одлучувa секој што ќе гласа на 15 јули. Изборот е на граѓаните – дали ќе продолжат да поддржуваат едни исти политички елити за кои предизборните ветувања се лесен билет до позиција и привилегии, а во исто време и билет во еден правец за нови генерации млади. Време е за промени. Државата ги голта во политичкиот лавиринт младите таленти уште од најрана возраст. Должност на државата и надлежните институции е да изгради образовен систем и фонд кој ќе ги пронаоѓа и издвојува талентите, ќе им помага во усовршување, но и ќе ги наградува, ќе нуди можности за вработување и иднина во согласност со нивните квалификации и знаења.
„Младите се богатството на оваа држава. Да креираме општество за младите каде ќе створиме реални можности за нив преку издржлив концепт кој нуди интензивна помош за почеток на бизниси, за вмрежување со компании со странство. Само заедно можеме да ги задржиме младите овде”, додаде Богојески.
Дадениот глас за 10ка на изборната листа е глас за враќање на надежта за задржување на младите. Гласот за 10ка е глас да се вратат младите дома. Македонски концепт има концепт за овој проблем. Претприемништвото кај младите за развивање на нивните идеи ќе биде врвна вредност. Младите конечно ќе добијат шанса за успех и остварување на нивните соништа. Ќе немаат причини за иселување низ светот
!„Младите луѓе се желни за промени. Ние во Македонски концепт силно веруваме дека промените се можни само ако заедно кажеме НЕ на политичкиот циркус од кој сме презаситени овие 30 години. Имаме јасна идеја и знаеме како. Гласај за број 10 и приклучи ни се во оваа заедничка битка. За младите, иднината на оваа држава”, изјави Петар Богојески, носител на листа на пратеници од Македонски концепт во ИЕ 1.