БОГОЕВ : КОВАЧЕВСКИ НИ ДАДЕ ОБВРСКИ, АКО НЕ ГИ ЗАВРШИМЕ ЌЕ НЕ СМЕНИ

0
1573

Новиот потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев вечерва информира дека лидерот на партијата, Димитар Ковачевски му дал обврски на новото раководство уште од првиот ден на функцијата.

-Уште од денес Ковачевски подели рокови со прецизни рокови. Тоа му недостига на СДСМ – систем и одговорност. Ако по неколку месеци некој не ги исполни обврските, ќе биде променет. Тоа е новина во партијата. Ако сум јас тој, тогаш ќе следува исто така смена. Никој нема да биде поштеден, вели Богоев во гостувањето на емисијата „Клик плус“.