БОГОЕВ ЗА ТВ21 : ВО ВМРО-ДПМНЕ ИМА СТРУКТУРА КОЈА ПОИНАКУ РАЗМИСЛУВА ОД МИЦКОСКИ И ПОЗИТИВНО ГЛЕДА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

0
480
Во ВМРО-ДПМНЕ има сериозна група на луѓе кои не размислуваат исто како актуелниот лидер и тесното раководство на партијата и сакаат да го поддржат европскиот пат на државата, рече во интревју за ТВ21 потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.
„Има таму едно поголемо, посериозно, проевропско крило, кое не го составуваат само пратеници, туку во тоа проевропско крило на ВМРО-ДПМНЕ има и градоначалници на сериозни општини, функционери на партијата. Јасно е дека референдумот е за внатрешна употреба, односно по неуспешните обиди за дестабилизација на државата и преврат на власта со протестите летово и хистеријата што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја создаваа, сега повторно мора нешто да се „продаде“ на членството во ВМРО-ДПМНЕ„ рече Богоев.
Потпретседателот Богоев додаде дека ова проевропска групација во партијата сакаат да го поддржат европскиот пат на државата а во оваа насока и можноста за уставни измени.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и Левица никаде не ги доведе ова работење против стратешките интереси и ширењето хистерија. Тоа се покажа и на вонредните избори каде им се случи дебакл, додаде потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, во гостувањето на ТВ 21.