БИТОЛЧАНИ НЕ ГО ВИДЕЛЕ ХРИСТО КОНДОВСКИ ОЛКУ БРУТАЛЕН НА ТВ НАСТАПИ : КОЊАНОВСКИ ЌЕ ГИ СЛУШАЛ БИТОЛЧАНИ КАКО ДА Е КОЛ ЦЕНТАР, ПА НИЕ ТРЕБА ДА ИМАМЕ ПРОГРАМА И ДА ЈА РЕАЛИЗИРАМЕ А НЕ ДА СЕ ГЛУПИРАМЕ КАКО ОВОЈ СО КОЛ ЦЕНТАРОТ

0
885

Децидно ја разгледував програмата на ВМРО ДПМНЕ и за жал не можам да видам некој конкретен проект со конкретна локација или буџет, рече вечерва во Топ Тема на ТВ Телма кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ Христо Кондовски во дебатно соочување со противкандидатот од ВМРО – ДПМНЕ, Тони Коњановски.

На прашањето кој проект од програмата на противкандидатот го смета за најапсурден, а кој како најдобар, Кондовски рече дека во програмата има идеи, но нема проекти, бидејќи недостигаат прецизни детали како локации и буџет.

„Во оваа програма нема проекти освен за осветлувањето каде ставиле износ и рокови, но тоа е веќе завршен проект во мандатот на градоначалничката Петровска. Тоа граѓаните можат да го видат.“-рече Кондовски.

Тој посочи дека се употребуваат празни флоскули, за работи кои се подразбираат.

„Ме нервира настапот дека ќе ги слушаме граѓаните. Небаре овде се работи за Кол Центар. Ние треба да дојдеме со готова програма и да ја спроведуваме. Како досегашен политичар кој заедно со вашата фамилија 20 години сте на политичката сцена немате смелост пред битолчани да кажете конкретни рокови, дури напротив се правдате дека тие рокови не се реални и повторно не кажувате ваши рокови. Тврдам дека во рок од 90 дена ќе дадам одговор на битолчани за нивните барања за одобренија за градба и за легализации. Знам како да го направам тоа. Имам енергија и ефикасност да ги решам поголемите проблеми на битолчани. Нема како што рековте вие на претходната дебата да направиме нешто, туку ќе ги направиме тие конкретни проекти кои ги ветуваме.“-рече тој.

Кондовски зборуваше и за својот мотив зошто како човек од стопанството сега влегува во политика.

„Кога ве гледам вас како 20 години сте во политика, кога је гледав дури и минатата локална самоуправа, гледав дека немало основа за ефикасност и ефективност и мојот порив за влез од практичниот свет од сопанството во политиката е токму тоа, да ги реализирам овие проекти, да стојам на роковите, на динамиката и на износите кои ги предвидовме.“-рече тој.

Кондовски посочи и дека е на мета на црна кампања од противкандидатот. „Дури и Мицковски дојде на нарачани прашања во индустриската зона Жабени.“-рече тој.