БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА – СТОЈЧЕВСКА ЗА АЛСАТ ТВ : НОВИТЕ ИМИЊА ВО ВЛАДАТА СЕРИОЗНО ЌЕ ПРИДОНЕСАТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА СТРАТЕШКИТЕ ЦЕЛИ

0
1248

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата 200 на Алсат телевизија истакна дека новата влада е составена од нови имиња, но сепак задржани се дел од старите имиња, коишто ќе придонесат со своето искуство во спроведување на политиките врз коишто се засновува СДСМ.

Досега покажавме дека успешно можеме да се справиме со пандемијата, да одговориме чекор по чекор, како што се развиваа настаните, дека економијата ни е во прв план, дека младите ни се во прв план, дека намалувањето на невработеноста ни е во прв план и токму овој спој на нови и стари имиња значи дека новата енергија ќе соработува заедно со искуството и дека уште повеќе ќе ги оствариме стратешките цели од новата програма на предлог-владата, истакна Костадиновска Стојчевска.

Таа додаде дека новите имиња во Владата се сите докажани професионалци во својата област, од полето од каде што потекнуваат, и кои, како што истакна и мандатарот Ковачевски, и тоа како можат да придонесат во ресорот каде што се номинирани.

Осврнувајќи се на актуелната енергетска криза, Костадиновска Стојчевска посочи дека државата презема мерки, активирани се сите домашни капацитети, дека следува поддршка за домаќинствата и компаниите за справување со последиците од оваа криза.

Во врска со обвинувањата на опозицијата дека владата досега ништо не сработила, Костадиновска Стојчевска потсети дека при усвојувањето на буџетот за 2022 година во Собранието се покажа дека реализацијата на ниту еден сектор, на ниту едно министерство не била помала од 80% од нивниот буџет.

Дека ништо не сме направиле како влада и како парламентарно мнозинство апсолутно не се согласувам, да започнеме од зголемување на минималната плата, зголемување на платата во сите сектори, најмногу кај здравствениот сектор, кој скоро две години е на удар на пандемијата, да зборуваме за инфраструктурни инвестиции во областа на образованието, за буџетот на министерството за култура, кој и тоа како е реализиран. Така што оваа нова влада е продолжение на успешни политики, кои и понатаму ќе продолжат да ги спроведуваат дел нови лица, дел поискусни лица, порача потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.