БИЛ ГЕЈТС ИМ СЕ ИЗНАСМЕА НА ЛУДАЦИТЕ ОКОЛУ ТЕОРИИТЕ ЗА ЧИПИРАЊЕ НА ЛУЃЕ ПРЕКУ КОРОНАВИРУСОТ

0
1448

Милијардерот и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, не сака да ги коментира бројните теории на заговор дека тој сака да ја искористи пандемијата на КОВИД 19 за да ги чипира луѓето.

,,Тоа е толку глупаво…“ – вели Гејтс.

,,Многу е тешко да се справите или да се обидувате да негирате такви тврдења бидејќи се неверојатно глупави и чудни. Доколку постојано ги повторувате или им посветувате внимание им се дава кредибилитет“-смета најбогатиот на светот.

Фондацијата ,,Бил и Мелина Гејтс“, неодамна објави дека ќе ја финансира со 1,6 милијарди долари компанијата ,,Гави“ за да ги имунизира најсиромашните деца во светот.

Но, паралелно со ова се шират теориите на заговор дека Гејтс сака по пат на вакцинирање да ги чипира луѓето(?! не е јасно со која цел), и како што наведува аналитичката компанија ,,Зигнал Лебс“, од крајот на мај овие теории на заговор на интернет се спомнати повеќе од 1 милион пати.

Уште попоразителни се истражувањата на Јаху Њуз и Ју Гов, според кои до крајот на минатиот месец во овие теории на заговор поверувале 28 проценти од корисниците.

Бил Гејтс, чие богатство се проценува на повеќе од 100 милијарди долари, вели дека овие информации може да бидат добар податок при вакцинирање од КОВИД 19 и дека во овој случај за да се добие ваква база на корисни податоци не е потребно чипирање на луѓето.