БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА СО АПЕЛ ДО СУДОТ : Пуштете го Орце Камчев, 14 милиони евра се доволна гаранција дека Камчев нема да побегне!

0
1370

Повеќе бизнисмени апелираат анонимно бидејќи се плашат да не бидат оцрнети во јавност, бизнисменот Орце Камчев да биде пуштен да се брани од домашен притвор.

Велат дека гаранцијата од 14 милиони евра понудена денеска е доволен доказ дека нема намера да бега, тоа се многу пари и никој нема намера да изгуби толкаво богатство за да бега.

Исто така велат дека додека трае судскиот процес, тој треба да има можност од својот дом да помага на директорите на сите фирми кои ги има да не пропаднат каде што работат над 3000 луѓе со што ќе се направи голема финансиска дупка на стотици добавувачи, банки, вработени и земјоделци со кои соработуваат неговите фирми.

Тие потсетуваат дека тој сепак не е политичар туку е бизнисмен, и ако згрешил околу неплатени даноци, треба да биде казнет парично да ги врати даноците кои биле затаени и евентуално да биде осуден и условно, и ако го повтори делото тогаш да оди во затвор.

Мактел.мк ги пренесува овие апели на барање на бизнисмените, иако не се согласуваме со тезата дека треба да има двојни аршини за богатите и сиромасите, но се согласуваме со тоа дека треба да се направат напори фирмите да не стават клуч на врата и да не останат без работа 3000 луѓе, тоа е голема социјална катастрофа во земја каде работата е вистинска реткост.

Но и правдата мора да биде истерана, бизнис заедницата мора да знае дека не смее да затајува милиони евра и за тоа вечно да поминува неказнето.