БИЗНИСМЕНОТ ХРИСТО КОНДОВСКИ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ КАНДИДАТ НА СДСМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО БИТОЛА

0
893

Бизнисменот од областа на осигурувањето Христо Кондовски ќе биде новиот кандидат за градоначалник на СДСМ во Битола.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната прес конференција информираше дека „Кондовски води на сите можни анкети направени изминатите месеци во градот“.

-Анкетите потврдуваат сигурна победа во Битола, верувам дека менаџерското искуство ќе биде од корист за трасирање на патот по кој треба Битола да се развива. Кондовски води на сите анкети кои беа направени во овие неколку месеци. Во градот СДСМ има предност пред ВМРО ДПМНЕ од сите теренски истражувања, што е сигурно една од причините за проблемите што ги има опозициската ВМРО ДПМНЕ и неможноста да состават листа во Битола, рече Николовски.

Кондовски е еден од сопствениците на СН Осигурителен брокер Битола, како и акционер во повеќе друштва. Оваа компанија помогна во опремувањето на неколку вакцинални пунктови, меѓу кои и оној во Битола, а додели и спонзорство од половина милион денари на фудбалскиот клуб „Пелистер“ за да ги надмине финансиските проблеми.