Бизнисмените Ацо Дудулоски и Фатмир Етеми целосно го преземаат „Скопски пазар“, со тоа стануваат газди на трговскиот СП ПЛАНЕТ, 13 зелени пазари во Скопје и еден сточен пазар, ресторанот 14 и порталот дома.мк

0
1172

„Современ дом“ од Прилеп и „ЗСФ ком“ Скопје имаат намера да го преземат Скопски пазар. Ова го соопштија преку Македонска берза трите компании.

Според соопштеното „Современ дом“ и „ЗСФ ком“ имаат намера да ги пресемат сите обични акции со право на глас издадени од „Скопски пазар“ по цена од 6.500 денари.

Двете компании се и најголеми акционери во „Скопски пазар“. Тие поседуваат близу 50 отсто од акциите на компанијата. „Современ дом“ поседува 24,8 отсто од акциите, а „ЗСФ ком“ 22,72 отсто. Останатите акции ги поседуваат: „Лико-Проект“ со над 24, 71 отсто, „Скопски пазар“ во чија сопственост се 11,46 отсто од акциите, а на малите акционери им отпаѓаат 19.03 отсто од акциите.

Лани синот и мајката Давитковски, Сашо и Тодорка кои заедно поседуваа 22 отсто од акциите ги продадоа сите свои акции во компанијата.

„Скопски пазар“управува со 13 зелени пазари во Скопје и со еден сточен пазар со капацитет од околу 2.900 продажни места-тезги, располага со деловен простор претежно наменет за издавање со вкупна површина од околу 58.000 квадратни метри, а во еден дел од деловниот простор компанијата врши сопствена трговска дејност, врши и сопствена угостителска дејност (ресторанот „14“ во Скопје), а го поседува е-супермаркетот www.doma.mk.