БЕЈЛИ НА ЦРНИ ГРУЈО И НА ДРОГИРАНИТЕ КАУБОЈЦИ ПРЕКУ СИТЕЛ ИМ ПОРАЧА – ШУТКА НЕ ТИ БЕГА НИКОЛАААА, НИКОЛААА, НИКОЛАААА … Бејли : Нема нови избори, продолжување на мандатот на СЈО, реформи според ПРИБЕ!

0
3016

Кога се потпишуваше договорот за формирање на Специјалното јавно обвинителство веројатно никој не беше свесен со колкав материјал ќе се соочи оваа институција, а важно е од неа да произлезат факти, вели американскиот амбасадор Џес Бејли во интервју за Сител.

– Да се вратиме назад и видиме која беше поентата за формирањето на СЈО, а тоа е да донесе одговорност за содржината од наводите кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Не сум сигурен дека било кој тогаш беше свесен за обемот на работа со кој ќе се соочи СЈО…и верувам дека институцијата се соочи со препреки и отежната соработка исто така, одговара Бејли на прашањето зошто Меѓународната заедница се залага за продолжување на мандатот на СЈО.

Како што вели тој, многу е важно работата да се заврши до крај и да се утврдат фактите и да се расчистат сомнежите дали и кој вршел злоупотреба.

Прашан да го соопшти неговиот став за платформата на албанските партии, Бејли вели тој нема став, бидејќи како странски фактор не се заинтересирани за тоа.

– Јас немам став за бил која платформа. Како Маѓународна заедница ние сме фокусирани на реформи во Македонија во поглед на владеењето на правото и Итните реформски приоритети кои ќе ја вратат земјата на евроатлантскиот пат, вели Бејли.

Бејли меѓу другото потенцира дека за САД и ЕУ важно е новата влада да работи на исполнување на реформите од Прибе и дека ако некоја партија со сила нешто наметнува во моментов, само ќе ја загрози реформската агенда и нема да ја реши кризата.

Американскиот амбасадор исто така вели повторно ако се спроведат избори во брзо време, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, тоа не гарантира излез од политичката криза бидејќи никој не може да гарантира резултати различни од изборите на 11.декември.

Во однос на обвинувањата, на дел од македонските медиуми за програмата на УСАИД и фондацијата „Отворено општество“, т.н процес на “десороизација“, Амбасадорот одговара дека грантовите кои тие ги доделуваат не поддржуваат или финансираат политичка идеологија или партија, туку иститите се наменети за развој на општеството во полето на правата на граѓаните или образованието.

Амбасадорот на САД, Џес Бејли информираше и дека одговорил на писмото на конгресмените кои побараа од него да го направи тоа, и дека во одговорот нема податоци кои може да бидат компромитирачки за работењето на Амбасадата, и рече дека истото не е објавено во јавноста бидејќи Стејт Департментот не објавува јавно своја комуникација со Конгресот.