Бејли и Орав: На 6 април се пропушти можност за подготовка на веродостојни избори

0
1044

Македонските политичките лидери имаат одговорност пред своите граѓани да ја вратат земјата на евроатлантскиот пат преку спроведување на нивните политички договори и на реформските приоритети, порачаa американскиот амбасадор Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав.

„ЕУ и САД ги поддржуваат сите партии и другите учесници во процесот во нивната работа за создавање услови за веродостојни избори. Ова подразбира прочистување на избирачкиот список, спречување на каква било форма на заплашување или притисок врз гласачите и обезбедување на фер медиумско покривање. Извесен прогрес е направен на овие полиња, но останува уште многу работа. Одговорност е, не само на државните институции да подготват веродостојни избори, туку и на политичките партии. На 6 април се пропушти таква можност“, стои во заедничката изјава.

Амбасадорите велат дека ЕУ и САД, заедно со другите меѓународни партнери, ќе продолжат да поддржуваат демократски развој, што вклучува и избори.

„Ја поздравуваме работата на Државната изборна комисија, како и напорите на граѓанското општество за напредување кон оваа цел. Одблиску ќе ги следиме случувањата и ќе продолжиме да ги споделуваме нашите гледишта“, стои во изјавата.