БЕЈЛИ И ЗАЕВ ОРГАНИЗИРАЛЕ СПЕКТАКУЛАРЕН ХЕПЕНИНГ : Над 100 Американски тенкови и воени возила со 300 американски специјалци – маринци и фоки кои и ќе продефилираат низ македонските градови на 28-ми јули!

0
2682

Стотина возила со 300 војници од Европската команда на вооружените сили на САД преку граничниот премин „Деве Баир“ на 28 јули ќе влезат во Македонија и заедно со 95 припадници на АРМ ќе ја изведат вежбата „Драгон Гардиан“ („Dragoon Guardian“) на најголемиот армински полигон во земјава, „Криволак“.

За време на престојот, низ градовите во земјава ќе биде презентирана и дел од опремата и возилата со кои располагат американската војска во Европа, како и низа други настани преку кои двете војски на плоштади и во паркови ќе презентираат дел од вежбите.

„Драгон Гардиан“, како што брифираат од Генералштабот на АРМ, ќе ја зајакне билатералната соработка помеѓу Македонија и САД, а со самото тоа и со НАТО. Најголем број од 95-те припадници на АРМ кои ќе учествуваат во вежбата ќе бидат од инженерскиот баталјон, па очекувањата се да се разменат и збогатат искуствата на овие и на единиците за изведување на операции.

Spc. Christen Best VLC1 - M1A1 Abrams from 1-72nd Armor Regiment line up in preparation to assault a town during Warrior Focus, a training exercise involving the entire 1st HBCT, Feb. 10 at the Combined Arms Collective Training Facility at Rodriguez Live Fire Complex.

Наредната недела, пак, од 11 до 20 јули, 71 војник од Македонија ќе бидат дел и од вежбата „Сабер Гардиан“ („Saber Guardian“) којашто ќе се одржи во Романија, Бугарија и vo Унгарија. Ќе учествуваат армии од 22 земји со околу 25 илјади учесници.

Од АРМ, најмногу учесници, 40, ќе има од баталјонот на воената полиција, додека останатите ќе бидат од инженерскиот и баталјонот за специјални намени, како и припадници од балканските медицински наменски сили.

ba_1

За в четврток е најавено испраќање на контингентот на АРМ од касарната „Илинден“ на што ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорот на САД во Македонија, Џемс Бејли.

Војниците од 22 земји на оваа вежба ќе се обучуваат за извршување на здружените операции според НАТО, ќе се согледуваат тактики за нападни и одбранбени операции, масовен прием на пациенти итн. „Сабер Гардиан“ е мултинационална вежба организирана и предводена од Армијата на САД во Европа чија цел е промовирање на стабилноста и сигурноста во Црноморскиот регион, зајакнување на партнерските капацитети и меѓусебната доверба.