Богдан Илиевски Бетмен и Борис Дамовски од „Заедничка Македонија“ излегуваат од затворот во Шуто Оризари, одреден им е куќен притвор и одземени им се пасошите. Истата мерка му е определена и на пратеникот Љубен Арнаудов.
Овие одлуки ги донел Апелациониот суд во Скопје по одржаните јавни седници околу жалбите за мерката притвор.
Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, ќе остане во затворот во Шутка, одлучил судот.
Покрај него, во притвор остануваат уште четири лица: Горан Ангеловски и Илија Славевски од патриотските здруженија, како и Сашо Марковски и Вилијам Михајловски.
Апелација одредила домашен притвор и за Јане Ченто, Иван Цветановски – вработениот во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјановски, Оливер Радулов од УБК, а во куќен притвор останува и пратеникот Јохан Тарчуловски.