БЕСА: Со Заев не разговаравме за федерализација

0
1087

Откако во некои медиуми излегоа пишувања дека Зоран Заев и претседателот на БЕСА, Биљал Касами, разговарале за наводна федерализација на Македонија, од БЕСА ги демантираа овие информации.

-Со Заев не сме разговарале за федерализација на Македонија, туку за редефинирање на државата, а тоа се две различни работи. За тоа би разговарале и со господинот Никола Груевски, па и со секој друг утре. Значи редефинирање значи еднаш засекогаш да се редефинира политичкиот систем и да немаме вакви слични кризи на секој пет или десет години, објаснија од БЕСА за телевизија Телма.