Беса и НДП први се обединуваат во опозициски блок против Грујовите и Мијалковите полтрони од ДПА и ДУИ

0
1737

Во организација на Опозицискиот совет се одржа средбата помеѓу Билал Касами од Движењето Беса и Фадил Зендели од НДП. Според нив, средбата е со цел да се урне оваа власт, која ја оценија како криминална. Тие велат дека ова е само чекор напред кон формирање на широк албански опозициски блок, пренесува ТВ21.

Арианит Хоџа истакна дека Опозицискиот совет е задолжен да формира една вистинска опозиција. Според него следува серија средби со другите албански опозициски партии.

Фадил Зенели од редовите на НДП, истакна дека единствениот пат за да се соочат со актуелната власт е обединувањето на албанските опозициски партии.

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами нагласи дека за промена на власта, потребна е широка соработка на албанскиот опозициски блок.

И двете партии се двоумеа, кога ТВ 21 ги праша за можноста за соработка со македонските опозициски партии, велејќи дека засега имаат план да соработуваат само со албанските опозициски партии.