Бектеши : Минималната плата од октомври се зголемува на 15.500 денари!

0
1239

Владата донесе одлука минималната плата во земјата да се зголеми на 15.500 денари. Министерот за економија, Крешник Бектеши, за ТВ21 рече дека Владата работи на посебен закон за зголемување на платите во приватниот сектор, при што државата ќе ги покрие трошоците за придонесите.

„Наскоро се очекува пораст на минималната плата во земјата, врз основа на економскиот раст кој го имавме во текот на годината, истовремено и зголемувањето на индустриското производство. Сметаме дека има простор за значителен раст на минималната плата, но како Влада работиме на посебен закон за зголемување на платите во приватниот сектор каде државата ќе ги покрие придонесите. Паралелно работиме на два нови проекти“, вели за ТВ21, Крешник Бектеши – министер за економија.

Премиерот Заев вчера во Собрание истакна дека владините економски политики даваат резултат, приходите од придонесите не биле никогаш повисоки и дека парите се враќаат кај граѓаните. Тој изјави дека сите ефективни мерки се видливи за јавноста и повтори дека имаме раст на БДП од 4.1%, невработеноста се намалила за 5% и изнесува 17.8%. И поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, владината одлука ја оцени како позитивна, но додаде дека повеќе е потребно пораст на платите од социјалниот карактер кој има поголема предност отколку зголемувањето на минималната плата.

„Граѓаните ги бараат парите кои самите ги плаќаат како данок во буџетот. Многу е лесно да се земе од таа категорија, многу е лесно да се користи  . . .Владата треба да излезе со биланс – каде одат парите од буџетот. Од друга страна има многу голема потреба од социјалниот карактер кои имаат предност отколку зголемувањето на минималната плата. Тоа почна да се користи од времето на Владата на Груевски но и оваа влада има иста тенденција“, изјави Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии.

Моментално во Македонија минималната плата изнесува околу 12 илјади денари, а приматели на истата се околу 130 илјади вработени, што е 20% од општиот број на вработените во земјата. Но во последниот извештај на Светската банка се вели дека зголемувањето на минималната плата ќе има   негативно влијание врз текстилната индустрија.

Според нив, иако јавниот долг се зголемува, добро е што Власта позајмените пари не ги троши туку ги чува за „црни денови“.