БЕЗ ИЗГОВОРИ

0
1575

Во политиката, добрите карактерни особини на лидерот не смеат да служат како аргумент за одбрана поради неговиот политички неуспех. Таквиот аргумент повеќе говори за недостатокот во неговата политичка зрелост, да направи јасна анализа на политичките состојби и да ги превземе вистинските чекори.

Во тој контекст, сведоци сме дека со разрешувањето на сите претседатели на ОО на СДСМ, претседателот на партијата Зоран Заев покажа зрелост правилно да го процени политичкиот момент за да превземе ваков чекор. Партијата на власт треба да е моторот кој ја придвижува државата во правец на позитивни опшествени промени преку избраниците од партиските редови. Ако таа не ги опслужува соодветно, тогаш имаме лоша партиска политика поради која е извесно, дека со време ќе ја плати цената со премин во опозиција.

Неуспехот во изборните резултати од претседателските избори, го потврди фактот дека успехот на последните парламентарни избори не се должи на добро сработената работа од страна на ОО на СДСМ, ами на нешто друго и од тој факт не може да се побегне, сакале ние или не.

Членството, симпатизерите и неопределените чекаа 12 години за да видат соодветни промени и чекаа доволно долго за да им покажеме што можеме. Очигледно не ги задоволивме нивните очекувања и тоа е наш колективен неуспех.

Затоа, процесот на внатрепартиските поместувања треба да го резонираме со поголема доза на самокритичност, да си ја признаеме вината за лошо сработената работа и да му дадеме можност на процесот на промени кој престои.

Впрочем, ако објективно ја цениме ситуацијава а си ја сакаме партијата, зошто би ни пречела терапијата за најзино опоравување?

#даБидемеПосилни

Фејсбук статус на адвокат Жарко Стеваноски