БАЧЕВ ЛИДЕРО : МОРАМЕ ДА СЕ ПРЕСМЕТАМЕ СО РАДИКАЛНИТЕ АЛБАНЦИ, ВОЈНА, КРВ КРВ КРВ!!!

0
2080

Вчерашната закана на Артан Груби како портпарол на Али Ахмети дека ќе нема мир доколку не се прифати во целост законот за двојазичноста и покрај укажувањата на Венецијанската комисија за негова неприфатливост, претставува отворен повик за војна.

Го предупредуваме Али Ахмети да не си игра со оган, затоа што, ако мораме уште еднаш да се пресметаме со радикалните Албанци доколку повторно се фатат за оружје, само ќе ни ја олеснат работата, бидејќи Македонците се при крај со своето трпение од нивните секојдневни антимакедонски барања, за нови и нови права, иако со т.н. рамковен договор, кој и понатаму е трауматичен за македонската национална свест и фалсификуваниот попис во 2002 година, Албанците практично добија – се, а Македонците изгубија премногу.

Единствена Македонија најсикрено им порачува на сограѓаните-Албанци да не помислуваат на нова војна, бидејќи овојпат нема да си имаат работа со некое предавничко македонско раководство од 2001 година, туку ќе се соочат со македонскиот народ. Но, прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија припадниците на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија во Единствена Македонија ја гледаат последната надеж. Единствена Македонија никогаш нема да ги предаде Македонија и Македонците и за таа цел ќе ги поништиме сите антимакедонски и антидржавни акти со кои се рушат македонската држава и македонскиот народ.