БАЧЕВ КРЕЈЗИ ШОУ : КОГА ЌЕ ДОЈДАМ НА ВЛАСТ, ЌЕ ВИДИТЕ ВИЕ, ИМА ДА АПСАМ, ЌЕ МИ ПЛАТИТЕ ЗА СЕ!!!

0
1392

Единствена Македонија: За организаторите и учесниците во националното предавство одговорност мора да има

Македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија се сведоци како марионетската власт во Скопје е решена по секоја цена да изврши промена на уставот и да го избрише вековното македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Предавничкиот поход на ненародната власт да избрише се што е македонско кулминира со антимакедонскиот пазар – гласање за промена на уставот во замена за слобода на одметнатите и уценети 8 пратеници и нивни блиски притворени и осудени лица.

Ваквиот пазар за некоја неизвесна цел на марионетската власт за членство во ЕУ во услови на обично ветување од ЕУ за датум за отпочнување на преговори за идно неизвесно членство на Македонија во ЕУ за кое не може со сигурност да се тврди дека и ќе се реализира, ќе има тешки и немерливи последици за македонскиот народ и македонската држава.

За организаторите и учесниците во ова национално предавство почнувајќи од наменското смислување на одредени обвиненија, притворања и осуда на одредени лица, па, дополнително пазарење за нивната слобода со цел да гласаат за уставните измени, одговорност мора да има.