БАРЏИЕВА ТРАЈКОВСКА ЗА КАНДИДАТУРАТА НА АНА ПЕТРОВСКА : ШТЕТА ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПОВЕРУВАА ВО НЕЗАВИСНОСТА НА КАНДИДАТИТЕ!

0
1083

Долгогодишната активистка Донка Барџиева Трајковска, експертка за културно наследство и претседателка на Центар за културно наследство, на својот фејсбук профил ја коментира кандидатурата на „независната“ Ана Петровска од страна на “Зелен, хуман град”:

„Јас мислев дека кандидатот за градоначалник на Скопје ќе биде од независните, но не било така.

Извинете “Зелен, хуман град”, но уште на почетокот направивте голема грешка. Вашиот кандидат до пред две недели извршуваше висока функција како кадар на ДОМ. Од денес е независен кандидат? Штета за граѓаните кои поверуваа во независноста на кандидатите и дека имаат избор! Штета…“.

Донка Барџиева Трајковска ја оспорува независноста на Ана Петровска затоа што Петровска беше долгогодишен член на партијата ДОМ, претседател на комисијата за урбанизам од 2011, преку ДОМ стана државен секретар во МЖСПП, а партијата ја напушти откако ја сменија пред две недели како владин службеник – директорка на инспекторатот за животна средина.

Во моментот кога „независната“ Ана Петровска јавно ја објави својата кандидатура, на нејзиниот официјален Фејсбук профил сеуште стои логото на ДИЖС, службената имејл адреса и информацијата „Ана Петровска – Директор на Државниот инспекторат за животна средина“.