(ВИДЕО) Барселона е новиот европски шампион – го совлада Јувентус со 3:1

0
1042

Барселона го совлада Јувентус со 3:1 во финалето на Лигата на шампионите и ја освои петтата титула во клупска историја.

CG2Q0d8UAAA4-91-540x325

Натпреварот започна со водство на Барселона со голот на Ракитиќ, што беше и единствен гол во првото полувреме.

Израмнувањето стигна преку Мората во 55-та минута, по што следуваше возбудлива пресметка со повеќе пропуштени шанси на двете страни, а повторно реализираше Барселона за 2:1 по голот на Суарез во 68-та минута.

Во последните секунди од судиското продолжение Нејмар постигна уште еден гол за конечните 3:1 и новата титула на Барселона.

07062015100657_barcelona-win

 

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=0cRW-J9CZ78[/youtube]