Барселона го прегази Леванте, Леванте издржа само едно полувреме

0
1299

Барселона дојде до четвртата победа на четвртиот натпревар сезонава во Примера. Актуелниот првак вечерва на „Камп Ноу“ го совлада Леванте со 4-1.

barcelona.levante

Гостите од Валенсија издржаа едно полувреме, но немаа сили да се спротивстават во вториот дел, кога „каталонците“ тргнаа силовите кон нивниот гол. Марк Бартра го скрши отпорот во 50-тата минута, а потоа веќе се беше полесно.

Нејмар зголеми на 2-0, а два пати во листата на стрелците се запиша Лионел Меси, еднаш од пенал и еднаш од игра. Аргентинецот можеше да дојде и до хет-трик, но не успеа да погоди по втор пат од белата точка. Единствениот гол за Леванте го постигна Касадесус во 66-тата минута.