БАБА ПЕРСА ЛАЖЕЛА: Градоначалникот ја демантира жената која денес ги критикуваше со премиерот дека во Горно Маало ништо не сработиле и дека ништо не направиле!!

0
1680

Откако жителка на Волково денеска ги критикуваше премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, додека шетаа низ населбата, дека ништо не направиле во Горно мало и дека газат по кал, градоначалникот ја демантира.

Тој, по посетата на Волково со премиерот, ја посети улицата на која живее жената и презентира што сработиле.

Претходно жителката на Волково изјави:

„Во Горно маало немаме ништо. Сите само кажувате, а немате ништо исполнето. Од средсело накај Кучково, поминете господине градоначалниче и премиере, да видиме по каква улица одиме ние. Каде ни учат децата, по какви калови одиме“, рече жителката.