А ПРОТЕСТ ПРЕД ПАЛАТАТА НА ВМРО-ДПМНЕ?!

0
1342

Ќе имаме СИГУРНО де-факторизација на Македонците кога скоро половината Македонци сè уште гласаа за Груевски. Јас знам дека овие граѓани веќе знаат дека Груевски е веќе вештачки лидер, и гласаа за него, што од интерес, што по навика, но еден добар дел од нив повторно гласаа за Груевски и поради тоа што и Заев исто така не го гледаат како лидер на Македонците.

А верувам дека имало и гласачи за Груевски чисто од страв од промена на власта, односно од губење на своите позиции, односно од страв од Заев… И поради сè горе-кажаното јас Груевски го гледам за вештачки, а не природен лидер на наводната патриотска опција која ние всушност ја немаме.
Ќе има сигурно де-факторизација на Македонците затоа што со севкупните принципи и методи на Груевизмот, тоневме како нација и го фативме најголемиот залет во регионот за и физички да нè снема! Ќе има сигурно де-факторизација на Македонците, кога фактор беа не-факториелните!
Мислам дека нај здрава работа за МАКЕДОНСКИОТ ПАТРИОТИЗАМ, односно за Македонија воопшто е комплетна промена на целокупното раковотство на ДПМНЕ. Сите до еден „ТУТО КОМПЛЕТО“ до трет ешалон, односно целата нивна испостава. Груевски со неговата медиумска пропаганда, но исто така и со помош на квалитетно одбраниот сервилен и полтронски кадар периодов, „оди по жица“ и вештачки се одржува себе си на чело на партијата. Тоа го може само поради горенаведениве 2 работи.
Мислам дека граѓаните кои протестираат под слоганот „За заедничка Македонија“ ќе бидат вистински патриоти ако протестираат пред сè, пред неговата нова бела раскошна палата, барајќи од него ослободување на партијата, грозејќи се од неговите досегашни методи на владеење односно практикување на власта. Само така овие протести би добиле и на масовност и на кредибилитет пред нас Македонците и само така би можеле да се наречат патриотски и во одбрана на татковината. Во спротивност овие протести за мене ќе бидат само партиски протести во одбрана на Груевски и фамилијата и играње со националните интереси и стабилноста на земјата…
Па видовте ли вчера во 16:00 часот во вестите на Сител како Ивона Талевска ја пумпаше работата за што помасовен одзив на протестите истиот ден. Пумпаа пумпаа, велеа дека се очекуваат 100.000 граѓани. На крајот констатираа бројка од 150.000 граѓани, а не дадоа покритие за таа бројка со видео материјал. Сликите не се меродавни. Тие за разлика од видео-материјалот лесно се монтираат.
Од вчерашните протести се виде дека истите немаат масовна национална поддршка за оваа идеа и со овој факт ценам дека граѓаните препознаа каква всушност цел има иницијативата „За заедничка Македонија“
И за крај и јас сум спремен да се приклучам на оваа иницијатива, но само под услов ако оваа иницијатива даде СИЛНА поддршка на работата на СЈО, и само ако секојдневно го завршува својот протестен марш пред седиштето на ДПМНЕ, протестирајќи против методите на практикување на власта од страна на Груевски, кои методи се нај директно одговори и нај голем кривец, за оваа општествена „КАША ПОПАРА“
Зоран Јованоски