АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ СО ПЕНАЛ РУЛЕТ ГО ЕЛИМИНИРА ГЛАСЗГОВ РЕНЏЕРС И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ЛИГАТА НА ЕВРОПА

0
727

Екипата на Ајнтрахт Франкфурт е новиот освојувач на Лига Европа откако вечерва во финалето на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја беше подобра од Ренџерс по подоброто изведување на пеналите.

Резултатот во регуларниот дел беше без победник, со по еден гол во двете мрежи (1:1), а по дополнителните 30 минути истиот замина во пенал рулетот.

Први гол постигнаа шкотските фудбалери кои преку Арибо во 57. минута ја затресија мрежата на тимот од Франкфурт.

Ајнтрахт по првичниот шок, се созеде и преку Боре го израмни резултатот во 69. минута од средбата.

Во пенал рулетот сите играчи беа сигурни, освен искусниот Арон Ремзи кој во игра влезе нешто пред крајот на второто продолжение. Фудбалерот кој се уште е под договор со Јувентус го чинеше Глазгов прва европска титула после повеќе од половина век.