АЈДЕ НЕК СЕ УГОДЕ МАЛЕЕЕЕ, СО СРЕЌА НЕКА Е НАРОДЕ : НАРОДНА БАНКА ЌЕ ДОЗВОЛИ КОРИСТЕЊЕ НА ПЕЈ ПАЛ АКАУНТИ ВО ЗЕМЈАВА ЗА ПРОДАЖБА НА ПРОДУКТИ И СЕРВИСИ ВО ЦЕЛ СВЕТ!

0
1682

ВЕНКО ГЛИГОРОВ, ЛОГИН СИСТЕМИ:

Работна средба со Народна банка на РСМ: Промени во регулативата за отворање сметки во странство
Денес, 06.08.2019, на покана од Народната банка на РСМ (НБРСМ) остварив работна средба со Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и нејзиниот тим.

На средбата разменивме информации и искуства околу регулативите и потешкотиите за воведување на Пејпал, Скрил и другите платежни процесори во Македонија.

НБРСМ изготви предлог-одлука за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со други зборови, се отстрануваат пречките домашни граѓани и фирми да отвораат/користат сметки во странски електронски сервиси за платежни трансакции какви што се Пејпал, Скрил и останатите за прием на пари преку електронска трговија.

Предлог-одлуката ќе (треба да) се усвои на 29 август оваа година на Советот на НБРСМ. По усвојувањето, раководството на НБРСМ е подготвено да продолжи со прилагодување на регулативата/условите кон потребите на професионалците, компаниите за побрз „влез“ на Пејпал и останатите.

Повеќе информации има во оваа рубрика или кликни Follow за известување на новините за оваа тематика тука.

#paypal #платежниуслуги