АЈДЕ НАРОДЕ ИЗДРЖЕТЕ УШТЕ МАЛКУ И ЌЕ ИМА ВЕР КУРТУЛ ОД ОВА ГОМНО КОРОНА : Две вакцини против Ковид-19 ќе бидат одобрени во САД пред Божиќ

0
1151

Првите две вакцини за коронавирус ќе бидат пуштени во оптек во САД пред крајот на годината, односно до Божиќ (25 декември), изјави денеска Секретарот за здравство Алекс Азар.

Изјавата доаѓа откако фармацевтската компанија Модерна од ресорните органи денеска побара одобрение за итно пуштање во употреба на вакцината.

Како што кажа Азар во утринската програма на Си-Би-Ес, тој и потпретседателот Мајк Пенс попладнево планираат да разговараат со гувернерите на сојузните држави за тоа кои групи од населението треба први да бидат вакцинирани.