АЈДЕ МАЛЕ МАЛЕЕЕЕЕ НЕК СЕ УГОДЕ И ДА НИ СЕ МНОЖАТ : ОТВОРЕНА НАЈГОЛЕМА СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ИСТОРИЈАТА НА ТИРЗ, ГЕРЕШАЈМЕР ПОЧНА СО РАБОТА, СЕ РАБОТИ ЗА 200 МИЛИОНИ ЕВРА ВРЕДНА ФАБРИКА ЗА АВТО ДЕЛОВИ

0
550

„Најголема инвестиција во историјата поединечно, во историјата на ТИРЗ, меѓутоа и најголема Гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата.

Заедно со проширувањето на овој капацитет кој што го посетивме денеска, на кој што веќе работиме, и со овој што го гледаме тука, двете фази на компанијата достигнуваат инвестиција која што е за малку помала од 200 милиони евра, така што зборуваме за најголемата Гринфилд инвестција во историјата на С. Македонија.

Тоа е сериозен исчекор напред“, рече Деспотовски, изразувајќи надеж дека во следниот период оваа инвестиција двојно ќе се зголеми.

„Нашите сограѓани кои што се ангажирани во овој капацитет, работат не само за компанијата, туку работат и за бројни луѓе низ целиот свет.

Навистина, постои само една точка на мапата на инвестиции каде што оваа компанија е присутна, што покажува дека и покрај тоа што сме сепак мала точка на таа глобална мапа, можеме да дадеме сериозен придонес во тие глобални предизвици“, истакна Деспотовски, додавајќи дека Владата, министрите, пратениците работат за бенефит на граѓаните.

Потпретседателот на „Гересхајмер“, Оливер Бургел, истакна дека покрај доброто искуство во работењето, дополнителен поттик за проширување на инвестицијата е поддршката и условите што како инвеститор ги добиле од државата.