АЈДЕ МАЛЕЕЕЕ ТОЛКУ ОД АФЕРАТА ,,РЕКЕТ” СИ ЕБА МАЈКАТА, ПУКНА КАКО МЕУР ОД САПУНИЦА : МИЦКО ОД БЕЛАТА ПАЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ПРИЗНА – НА БОКИ 13 МУ ГО ЧЕСТИТАВ РОДЕНДЕНОТ, СУМ СЕ ВИДЕЛ И СО ОСТАНАТИТЕ ОД „РЕКЕТ“, КАЖА МИЦКОСКИ!

0
1628

„Да, сум се видел и со останатите кои се дел од оваа афера, но доколку имаат каков било доказ кој што ќе значи мое инкриминирање, охрабрувам уште денеска, веднаш да го објават“, кажа Мицковски.(Фото: СДК.МК)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање потврди дека се сретнал со лицата вклучените во случајот „Рекет“. Во случајот „Рекет“ осомничени се директорот на 1ТВ Бојан Јовановски-Боки 13 и бизнисменот Зоран Милевски-Кичеец кои се во притвор, а жртва-сведок е бизнисменот Орце Камчев. Боки 13 и Кичеец се товарат дека изнудиле 1,5 милиони евра од Камчев за да биде ослободен од обвиненијата во случајот „Империја“ на СЈО.

„На првосомничениот Боки 13 лично го честитав роденденот, од почит кон медиумите и кон таа телевизија на која тој беше сопственик. Да, сум се видел и со останатите кои се дел од оваа афера, но доколку имаат каков било доказ кој што ќе значи мое инкриминирање, охрабрувам уште денеска, веднаш да го објават“, кажа Мицкоски.

Мицкоски на прославата на првиот роденден на 1ТВ на 30 март, преку видеопорака го честиташе роденденот на телевизијата.

 

„Во неколку наврати сум гостувал во вашата телевизија, сум имал исклучително квалитетни интервјуа со новинарите кои ме интервјуирале. Очекувам објективноста да ве краси и во периодот којшто следи. Ви посакувам многу успешни години на професионален план, деловен, но и на личен план, се разбира, сите вие коишто припаѓате на 1ТВ и затоа сосема на крај би сакал на сите вас да ви го честитам првиот роденден. Нека ви е среќен првиот роденден, 1ТВ“, рече Мицкоски во честитката.

 

Мицкоски на денешната прес-конференција кажа дека скандалот со случајот „Рекет“ не можел да се случи без поддршка од премиерот Зоран Заев, побара шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева да биде уапсена и напомена дека ако истите обвинители останат и во новата институција, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи новиот Закон за јавно обвинителство со кој СЈО треба да стане дел од ОЈО .