АЈДЕЕ, НОВА ГЛУПОСТ НА МИЦКО: Ако дојдеме на власт, нема да го менуваме договорот од Преспа, само нема да го почитуваме!

0
1176

Дебакалот на македонската дипломатија која што ја предводеше овој министер кој што се срами од искомплексираноста на македонската нација е евидентен и е крунисан со Преспанскиот договор.

И покрај целокупниот оној „boost“ што се случуваше затоа што кога во еден момент ние апелиравме немојте луѓе да го вадите процесот од ОН, они го извадија, појасни Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при самото гостување на емисија на МТВ.

Мицкоски при говорењето рече дека како партијамногу совети дадовме, а ниту еден не послушаа. И направија тоа што направија. Односно го завршија процесот како што го завршија. Јас нема да седам во топлинки дома и да пишувам патриотски мотивирачки статуси на ФБ и на социјалниве мрежи. Нити пак ќе ветувам нешто што сакаат да го слушаат луѓето. Напротив ќе кажам дека се обврзувам и можам да ветам кога ќе ја добиеме довербата, а ќе ја добиеме следните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се што е во негова моќ овој процес да го измени, нагласи Мицкоски.