АЈДЕЕЕ, ВО СУДНИЦА МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ГО НАРЕЧЕ ГРУЈО МАГАРЕ : Магарето (ГРУЈО) замина, удривте по мене!

0
1834

По долги натегања околу присуството на адвокатите назначени по службената должност и паузата, продолжи судењето за предметот „ТНТ” на СЈО каде одбрана почна да дава обвинетиот Миле Јанакиески.

Јанакиески на прашање на адвокатот рече дека имал блиски релации од 2006 и 2007 година со фамилијата на бизнисменот Фијат Цановски и дека дури им биле на свадбата.

„По четири години Миле е омилен лик на СЈО, ОЈО, Финансиската полиција… Магарето замина, сега се удира на самарот”, рече Јанакиески. Тој кажа дека Фијат Цаноски имал интензивна комуникација од април 2010 до август 2011 година со првообвинетиот, Никола Груевски, кој како што кажа, за жал, не бил во судницата.