АЈДЕЕЕЕ ГИ АКТИВИРАА И ОВИЕ : СОТИР КОСТОВ И АЛЕКСАНДАР ДАШТЕВСКИ ПРАВЕЛЕ АНКЕТИ ЗА ВМРО-ДПМНЕ КАДЕ ВОДАТ ПРЕД СДСМ СО 2.5 ПРОЦЕНТИ?!

0
1550

Мистериозни анкети во функција на партиски информациски војни.

Изборната кампања започнува следната среда, но партиите почнуваат безмилосна трка. Денеска граѓаните беа бомбардирани со испитувања на јавното мислење. ИРЛ открива дека ВМРО-ДПМНЕ крие дека е нарачател на една таква анкета и не ја споделува целата. Постојат сомнежи и за веродостојноста на оваа анкета. Другата анкета, која оди во прилог на СДСМ е протечена во медиумите, иако ја правела меѓународна организација која што се уште ги нема објавено наодите. Медиумите кои ги објавиле овие анкети, го кршат Изборниот законик и можат да добијат казни од неколку илјади евра за криење на нарачателите и авторите на анкетата.

Репортери: Маја Јовановска, Давид Илиески, Сашка Цветковска

Ако денеска вашите вести решите да ги конзумирате читајќи го порталот „Курир“ или „Лидер“ , ќе прочитате дека ако изборите се одржат утре, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со предност од 2,5 проценти пред СДСМ и Беса. Ако се одлучите за  порталот „Локално“ или „Независен“ прогнозата е сосема поинаква, СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со 4 проценти, а ДУИ губи.

Александар Даштевски и Сотир Костов ја прават анкетата со позитивни прогнози за ВМРО ДПМНЕ

Институтот „Habeas Corpus“ не и познат на јавноста. Или, барем така беше до 20 мај годинава кога десно ориентираните портали објавија истражување на јавносто мислење чии што резултати ги отсликуваат идентичните наслови во медиумите.

„Народот не сака корона-избори: 74% од испитаниците на „Habeas Corpus” се против идејата на Заев“. На сите портали беше објавен истиот текст во кој се објаснува методологијата на истражувањето.

Целата анализа ќе може да ја прочитате ОВДЕ

Извор : ИРЛ