АЈДЕЕЕЕЕ, И СО ВРАБОТУВАЊАТА СЕ ПРЕТЕРА : Боки 13 си jа вработи мајката во влада?!

0
1932

Собранието на Република Македонија на седница донесло одлука за именување на член на Комисијата на заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Новиот член е дипломираната правничка од Скопје Јасминка Јовановска.

Одлуката е донесена врз основа на Член 31 Став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а влегува во сила со денот на донесувањето и ќе биде објавена во Службен весник на Р. Македонија, објавува телевизијата 1тв каде што директор е синот на Јовановска, Бојан кој е познат како Боки 13.

Мактел дознава дека таа подолго време работела во министерство за труд и социјала. Побаравме потврда за веста од владината прес служба, но од таму ни вратија дека ја проверуваат информацијата и утре ќе излезат со демант или потврда.