АЦО ИНФОМАКС РАСПАЛИ ПО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ : ,,БЕДНО ДАСКАЛЕ”, ВИЕ СТЕ ПРЕДАВНИК И МАНИПУЛАНТ КОЈ СВОЈАТА ОДЛУКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ ПРОТИВ ,,ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ” КАКО ЛИДЕР НА ОПОЗИЦИЈА ЈА ПРЕФРЛАШ НА НАРОДОТ И СЕ КРИЕШ ПОРАЗИ НЕГО!

0
3461
Бедно Христијан…бедно.

Кажи ми како со вакво прашање ќе се бориме против внесувањето на Бугари во Устав?

„Дали сте за напуштање на важноста на законот за ратификација за Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија од 18.01.2018 година?“

Ова прашање нема врска со реалноста. Францускиот предлог, а не Бугарскиот договор за добрососедство се коренот на проблемот.

Со Францускиот предлог се бара внесување на Бугари во Устав, не со договорот со Бугарија.

Со Францускиот предлог се менува историјата.

Со Францускиот предлог се институционализира бришењето на Македонскиот народ.

Со Францускиот предлог се институционализира македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот.

Зошто прашањето не е – „Дали сте против Францускиот предлог?“ или „Дали сте за внесување на Бугарскиот народ во Уставот на Р.Македонија?“

За каква „важност“ на договорот за добрососедство треба да се изјасниме – или сме за или сме против договор, предлог, закон итн.

Каква бедна манипулација, Христијан.

Зошто референдум воопшто?! Зошто да се криеш позади народот? Зошто не превземеш одговорност ти? Зошто не го блокираш Собранието?

Зошто не собереш потписи за распишување избори па како Влада да ги раскинете тие договори? Зошто?

Зошто твоето предавство го префрлаш на грбот на народот – перверзно е Христијан да го ставаш народот на кланица, да се самоукиннува на ваков референдум. Бедно.
Христијан, твоето предавство е еднакво на она на Заев и Таче.

Брука, Христијан.

Кажи ми, како да одговориме на ова прашање?

Сите, па и врапчињата на гранките знаат дека референдумот ќе биде бојкотиран што значи дека нема да има минимум 900.000 гласови кои се потребни за успешност на истиот. А, ако референдумот е неуспешен, тогаш предавството е финиширано.
Срамота е Христијан да се криеш позади народот за твоето предавство.

И на крај, кажи ми…зошто ваков референдум нема и за Преспанскиот договор?

Бедно…„даскале“.
Фејсбук статус на уредникот на ,,Инфомакс” Александар Митовски.