АЦО ИНФОМАКС : МИЦКОСКИ Е ЗАПАДНАТ ВО МНОГУ ЛОШО ДРУШТВО НА МИРКА, МИЛЕНКО И МОМИРОВСКИ И СО НИВ ЗАЕДНО ГО ДОЗАКОПУВА ВМРО

0
2328

Од последниве неколку недели, и оркестрираната кампања која Христијан Мицкоски ја води против Арсовска, можам да донесам единствен заклучок – Мицкоски е западнат во многу лошо друштво.

Ороводци на јавниот дискурс на Мицкоски се луѓе кои имаат по неколку кривични пријави, осудителни пресуди. Луѓе поради кои се крена целокупната меѓународна заедница да го спасува ова општество од нивната пропаганда.

Луѓе кои слушавме како добиваат нарачки за прилози на вести. Луѓе поради кои страда целокупната новинарска фела.

Истите луѓе кои денес му се друштво на Мицкоски, му беа друштво и на Груевски во периодот пред неговиот пад. Нивните “новинарски” подвизи го уништија ВМРО-ДПМНЕ.

Сега повторно го закопуваат…

Јас во такво друштво немам намера да бидам. Уредувачката политика на медиумот кој го водам е анти-рекетарска и про-македонска, што пак е дијаметрално спротивно на оваа екипа околу Мицкоски, па и самиот тој.

Новинарството за мене е светост, за некои пак е можност за тендери, злоупотреба на европски пари, градење без дозвола, функција во странство…
Фејсбук статус на Ацо Инфомакс.