АЦО ИНФОМАКС ДЕТОНИРА НУКЛЕАРНА БОМБА : КАКО СЕМЕЈСТВОТО МИЦКОСКИ СЕ СТЕКНА СО ИМОТ ВРЕДЕН НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА?!

0
10050

Семејството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ располага со десетина станови, куќи и друг недвижен и движен имот во државата и во странство.

Само таткото на Христијан Мицкоски, Иван Мицкоски располага со 3 стана во Скопје и еден во Охрид со кои се стекнал по пат на договор за купопродажба.

Христијан Мицкоски пак досега има пријавено дека поседува имот семејна куќа само во населбата Влае каде што и живее.

Со сериозен имот располага и сестрата на Христијан Мицкоски која во моментов гради нова куќа во населбата Козле во близина на куќата каде што живееше специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Иван Мицкоски таткото на Христијан Мицкоски располага со стан од 43 квадратни метри на атрактивна локација во Охрид, стан од 105 квадрати на улицата Партизански одреди во Влае, стан од 60 квадрати на улицата Јури Гагарин во Карпош, како и објект и земјиште под објект во вкупна површина од 318 квадрати исто така на улицата Јури Гагарин во Карпош.

Во вкупна квадратура само Иван Мицкоски поседува околу 600 квадратни метри станбен простор во Скопје и во Охрид или ако се пресмета средната пазарна вредност на квадратен метар тоа претставува од 600 до 700 илјади евра капитал во недвижен имот на само еден член од семејството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку таткото на Христијан Мицкоски имаше своја академска кариера како професор на Машинскиот факултет, а како редовен професор му беше ментор и на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев за неговата докторска дисертација, а Кочо Анѓушев пак е ментор за докторската дисертација на Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е и коосновач на компанија за производство и трговија на електрична енергија од мали хидроцентрали која досега има инвестирано преку 11 милиони евра во изградба на производствени капацитети за електрична енергија.

Шпекулациите се дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ поседува и луксузна вила на брегот на Јадранското море во монденското место Крашиќи, Црна Гора каде што ова лето тој го помина и годишниот одмор.

Освен за лична релаксација вилата се користи и како дополнителен приход бидејќи може да се најде на сајтовите за изнајмување на соби. Според последните информации вилата во моментов е ставена на продажба.

Според пазарните цени луксузен крајбрежен имот каков што е вилата во Крашиќи чини помеѓу 5 и 7 илјади евра за квадрат или за 500 квадрати плус привата плажа од 220 квадрати метри и две марини за јахти помеѓу 2,5 и 3 милиони евра.

Со сериозен имот располагаат и поблиските роднини на Христијан Мицкоски и неговата сопруга…

Продолжува…

А.Митовски