Ахмети: Нема раздор во ДУИ, парламентарното мнозинство е стабилно

0
569

Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека нема раздор во партијата и дека парламентарното мнозинство е стабилно,  и покрај тоа што пред два дена досегашниот координатор на пратеничката група Изет Меџити се повлече од должноста и на негово место дојде Арбер Адеми.

На одбележувањето на 40-годишнината од студентските демонстрации во Приштина, Ахмети го оправда отсуството не Меџити со други обврски.

-Тука беа пратеници, министри и повеќето беа присутни. Нема друга причина, нешто вонредно во тоа што не беше присутен. Парламентарното мнозинство навистина е стабилно, значи нема нешто загрижувачко внатре во тој дел – истакна Ахмети.