Ахмети за утре свика итна средба на сите албански партии

0
1364

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, за утре во 13 часот пратил покана за средба до сите лидери на албанските политички партии во Македонија, објави Порталб.мк.

– На утрешната средба повикани се сите албански партии без исклучок – изјавил портпаролот на партијата, Бујар Османи.

На средбата се очекува да се разговара за политичката состојба во земјава која настана по превремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 овој месец.