АХАХАХАХ КОЈА НЕПИСМЕНА БУЛУМЕНТА : Го згрешија и датумот на смртта на Пјетер Богдани!

0
911

Еден од спомениците кој рано утрово пред да се раздени беше донесен во паркот Жена Борец, наспроти Собранието, во центарот на Скопје, е со грешка.

pjetar_bogdani

На споменикот како датум на раѓање стои 1630 година, а датум на неговата смрт – 1686 година.

Сепак, како што забележуваат многумина на социјалните мрежи, Богдани живеел од 1625 до 1689 година, а ова стои и на Википедија на албански јазик.

78548949349043

Овие датуми стојат и на банкнотата од 1.000 албански лека која е со неговиот лик (во левиот дел на банкнотата).

4343323-670x322

Датумите кои се поставени на споменикот единствено ги има на страницата на Википедија на англиски јазик, но таму јасно пишува дека се работи за година која не мора да е точна (1630), туку е „отприлика“ ставена.

На сите други историски извори стојат годините 1625 – 1689, но нив ги нема на споменикот.

За споменикот одговорност презеде Општина Чаир иако просторот е под ингеренции на општина Центар.

Центар, пак, преку соопштение најави дека инспекцијата испитува дали се работи за упад од општина Чаир со ноќно поставување споменици и најави дека ќе преземе соодветни мерки доколку тоа е така.