Ахахахахаа, ебати работата ебати да не пукнеш : Единствена Македонија на Јанко Бачев и будалата Влахов Мицов бараат слобода за убијците во обид од крвавиот 27-ми април во спротивно јавно ќе се самозапалат А ПОТОА ЌЕ СЕ ПОГРЕБААТ!!!

0
1624

Единствена Македонија денес, среда, 28 март 2018 година, на прес конференција се осврна на скандалозниот и селективен пазар на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Истражниот затвор Шутка да останат уставобранителите.

На прес конференцијата членот на Извршниот комитет на Единствена Макеоднија и претседател на МПЗ Тврдокорни, Драган Угриновски, рече:

Почитувани,

Пред два дена, Врховниот суд на Република Македонија донесе одлука на еден дел од осомничените за настаните од  27-ми април да им го укине домашниот притвор, а на еден дел притворот да им го замени со куќен притвор.

Денеска, еден дел од осомничените на кои им беше заменет притворот со куќен притвор, повторно се вратени во Истражниот затвор во Шутка.

Меѓутоа, во Истражниот затвор Шутка и понатаму остануваат уставобранителите од македонските патриотски здруженија.

Веднаш да кажам дека според информации на Единствена Македонија, ваквите срамни игри со притворените се резултат на договор во заднина меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ под менторство на американскиот амбасадор Џес Бејли.

Со овие игри на владеачката партија „Погреб за Македонија„ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ целта е да се пуштат од Истражниот затвор сите оние за кои се заинтересирани во ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат, ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието за да учествува во донесувањето на законите за разнебитување на Македонија.

Да не бидеме погрешно разбрани, Единствена Македонија не е против ничие пуштање од Истражниот затвор Шутка.

Впрочем, за настаните од 27-ми април единствено нашата партија Единствена Македонија имаше поактивна улога за ослободување од кривично гонење на сите притворени и во оваа насока поднесовме во Собранието и предлог-закон за амнестија на граѓаните кои беа во Собранието на 27 април.

Исто така, Единствена Македонија постојано потсетува дека граѓаните на 27 април влегоа во Собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат конкретни лица, и било кој да беше на местотот на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок.

Впрочем, и претседателот Иванов при давањето на мандатот на Зоран Ззаев бараше гаранции токму за она за што сега се водат постапки за 27-ми април, со што и Иванов ја потврди општествената опасност за уставниот поредок.

Да повторам, Единствена Македонија се залага за укинување на притворот на секое притворено лице, меѓутоа, силно го осудуваме селективниот договор на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за непристоен пазар – укинување на притворот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ а за возврат враќање на оваа партија во Собранието а уставобранителите од македонските патриотски здруженија остануваат во притвор.

Значи, посебно сме разочарани од валканата игра на ВМРО-ДПМНЕ која се пазари за укинување на притворот само за своите, а ги предаде уставобранителите кои и понатаму остануваат во занданите на Шутка.

Единствена Македонија и МПЗ Тврдокорни остануваат со уставобранителите, и како и досега продолжуваме со нашата помош за семејстватата на притворените уставобранители и со битката за нивно ослободување со конкретни чекори и во наредниот период.

Еден од важните приоритети на новата легалната власт на Единствена Македонија ќе биде целосно расчистување на сценариото со настаните од 27-ми април во Собранието.

Сите од владеачката коалиција „Погреб за Македонија„ составена од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои учествувале во оваа валкана игра со човечките судбини на уставобранителите, ќе одговараат.

                                                                                                                                         Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија