АХАХАХААААААА … ОСМАНИ ГИ ШОКИРА ГРУЕВЦИ И ЌОСИЊАТА : Тоа што договаравме со СДСМ, беше договорено и со ВМРО ДПМНЕ!

0
5099

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи во интервју за ТВ 24 открива дека со ВМРО ДПМНЕ и со СДСМ договарале исти услови и договориле речиси идентични работи во однос на употребата на албанскиот јазик, а уставот нема да се менува.

Тој рече дека се унапредува употребата на јазикот првенствено во општин ите каде Албанците се над 20 отсто. Во тие места амблемите на полицијата и војската ќе бидат и на албански јазик, а во однос на банкнотата, се предвидува таа да не трпи големи измени, осносно како што рече Османи, на местото каде пишува Народна Банка, ќе пишува Народна Банка и на албански јазик.

Османи објави дека повлекување од платформата ќе нема, бидејќи делови од неа се барање на сите Албанци.

Тој не беше сигурен за следните чекори, а најави дека еден од нив би можел да биде избор на претседател на собранието.