АУУУУ ОВА Е ЈАКО : ХАН ОТВОРЕНО БАРА ГРУЕВЦИ ДА ОДАТ ВО ЗАТВОР ЗАТОА ШТО БИЛЕ КРИМИНАЛЦИ!!!

0
7100

Потребно да се врати довербата во квалитетот и независноста на судството. Тоа е нешто што граѓаните на земјата го заслужуваат, да може да се потпрат на функционално, транспарентно и некорумпирано судство, вели еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Хан ги цени првичните иницијативи на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи Никола Димитров, да пружат рака кон Бугарија, но исто така и кон Грција, да стапат во контакт, да слушнат што може да биде можно решение, каде сме.

– Без согласност од земјите-членки не можеме да одиме напред. Но, прво тоа е важно за самата земја, да го направи процесот на итните реформски приоритети кои веќе ги дискутиравме на состанокот со владата, потоа следниот ден Прибе и експертите дојдоа, а потоа и експертите од Генералниот директорат за да ја поддржат и да ѝ помогнат на земјата во сите напори па есента да може да се реферира на релевантен и важен напредок на прашањата поврзани со позитивен извештај на Европската комисија – вели Хан.

Хан смета дека сите треба да работат заедно и посветено за да има ефекти од реформите.

– Во случај да се оствари реално сè она што го кажавме претходно, прво и пред сè ќе има позитивен извештај од наша страна и паралелно ќе треба да дискутираме со нашите земји-членки, бидејќи за отворање на преговорите, за почнување на преговорите, треба да имаме едногласна одлука од нашите земји-членки, но тоа исто така е задача на новата влада и како што реков и претходно, тие веќе почнаа да се обраќаат кон државите кои се пред сè засегнати со цел да се разговара за темата и да се работи на решение кое ќе дозволи да се започне со преговори. И да повторам уште еднаш, сè што можеме да направиме како Европска комисија, комесарот ќе го направи – вели Хан.

Во врска со работата на Специјалното јавно обвинителство, Хан смета дека сега на владата е да дискутира како може да биде пролонгирана работата на СЈО, да биде пренесена или која и да е идната конструкција.

– Уште еднаш, важно е луѓето да имаат впечаток, ако сакате да бидат уверени дека сите криминални случаи целосно се истражени и ако има потреба за обвиненија тие да бидат завршени, да бидат заведени и да има судски случаи и ако е неопходно да има казни, пресуди итн. – порачува Хан.