АУУУУ ОВА Е ЈАКО, АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ НАПРАВИ МАЕСТРАЛЕН ПОТЕГ: Инспекцијата на Општина Центар влезе во седиштето на ,,Третиот Рајх” -Објектот нема употребна дозвола

0
1127

„Општина Центар изврши инспекциски надзор над градбата на АДГ Бетон, чиј дел е и седиштето на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

Инспекцијата, при увидот на лице место, констатираше дека инвеститорот има ставено во функција дел од објектот, иако за тоа не се исполнети законските предуслови. Односно, објектот е во фаза на изградба и согласно Законот, БЕТОН не може да достави записник од надзорен орган  со кој ќе побара технички прием и упис во Катастар. Попрецизно кажано, објектот нема употребна дозвола.

11-640x320

Од увидот, инспекцијата констатираше дека над влезот на објектот на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ има балкони и покриен дел, иако градежната маркица завршува со објектот.

Инвеститорот немал законско право градбата да ја прошири над делот кој е сопственост на Република Македонија. Според увидот, објектот излегува од границите на градежната парцела и зафаќа дел од имот на Р.М.

Инвеститорот се обиде да објасни дека од град Скопје добил дозвола за поставување урбана опрема на јавна површина, но овој дел не може да влезе во категоријата на урбана опрема.

Се работи за градба, и затоа инспекцијата на општина Центар ќе ги побара документите од град Скопје и од инвеститорот АДГ Бетон и, согласно позитивните прописи,  ќе донесе соодветни управни акти.

Од понеделник, инспекција на општина Центар повторно ќе побара од инвеститорот да овозможи увид на дел од објектот кој е пуштен во функција, со цел да констатира дали градбата одговара на одобрениот проект, доставен и одобрен од општина Центар“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Извор : А1он