АУДИО: Ѕвездата од „бомбите“ Петровска, која се гребела со „Сваровски“ накит кај Лидија Неделкова, ќе постапува по едно од обвиненијата на СЈО

0
1982

Една од двете судијки од Основниот суд Скопје 1 кои електронски биле избрани да судат по првите обвиненија на Специјалното јавно обвинителство за тепачките во Општина Центар и за незаконското уништување на тајните снимки од Петтата управа на МВР, се спомнува во „бомбите“ што ги објави СДСМ.

Судијката Лидија Тупанчевска-Петровска, е тема на разговор помеѓу нејзината колешка, Софија Лаличиќ и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, кога Лаличиќ ја озборува Тупанчевска-Петревска за „гребењето“ кај тогашната шефица Лидија Неделкова, на која, наводно, и дарувала накит од марката „Сваровски“.

Извори од судот за „Либертас“ велат дека Петревска наводно барала да биде изземена заради конфликт на интереси, но не и било прифатено.

Судијката Татјана Михајловска, пак, го водеше случајот „Ликвидација“ во кој беше обвинет новинарот Томислав Кежаровски.