Атанасов во Ѓорче Петров: Укинување на екстерното образование по промените

0
968

Денеска во скопската населба Ѓорче Петров, претседателот на комисијата за образование и наука на СДСМ, Петар Атанасов, оствари средби со граѓаните оваа населба.

Граѓаните го искажаа незадоволството од расипничката власт на ВМРО-ДПМНЕ, којашто нема слух за потребите на жителите од општина Ѓорче Петров, соопштуваат од СДСМ.

-Основното училиште во Ѓорче Петров е во многу лоша состојба и се уште има азбесен покрив. Децата, учениците, не се чувствуваат безбедни поради срушената ограда. Владата воопшто не инвестираше во ова училиште, дури и мали санации се финансираа од меѓународни донации. Расипнички се потрошија 630 милиони евра за споменици, а нашите училишта и градинки се во руинирани, револтирано рекоа граѓаните.

-Финансирање на квалитетно образование не беше приоритет на оваа криминална власт. Во Образованието се направени огромни штети. Наставниците се под притисок на фамилијата, децата, учениците, родителите се под постојан стрес, рече Атанасов.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе обезбеди квалитетно образование, додаде Атанасов зборувајќи за мерките од програмата на СДСМ.

-Екстерното образование, коешто предизвикува стрес кај учениците, родителите и прфесорите ќе го укинеме. Ќе го зголемиме квалитетот на образованието и ќе го намалиме бројот на програмски содржини и предмети. Приоритетите ќе ги промениме. СДСМ ќе инвестира во поквалитетни учебници и нивна дигитализација. СДСМ посветено ќе работи за подобрување на образовниот процес, да се изедначиме со земјите од Европката Унија, рече Атанасов.

Граѓаните искажаа незадоволство од хаосот во избирачкиот список на што Атанасов потенцираше дека стана јасно како се спроведувале изборните грабежи во Македонија.

-Оваа расипничка власт нема мандат да владее, тие буквално ги краделе нашите гласови, а со тоа ја украле и демократијата во нашата држава. Секој што го прекршил законот мора да одговара, рече Атанасов.

Мора да се прочисти избирачкиот список, за да имаме фер и демократски избори. А на фер избори победува СДСМ и европска Македонија, додаде Петар Атанасов.