Аспазија Софијанова и официјално станува директорка на скопската Детска клиника

0
1116

Аспазија Софијанова и официјално станува нова директорка на скопската Клиника за детски болести, дознава нашата редакција од свои извори во министерството за здравство.

Според нашите информации, во текот на наредните денови нејзиното име и официјално ќе биде соопштено во јавноста со што и официјално ќе биде назначена како директорка на скопската Клиника за детски болести.

Таа доаѓа на местото на доктор Наташа Најденовска- Алуловска, која раководеше една година со клиниката, додека две години пред неа беше доктор Катерина Ставриќ.

Софијанова не седнува прв пат на директорската позиција, таа беше прв човек на клиниката со која успешно раководеше и во 2017 година.