Артички бели волци пристигаат во скопската Зоолошка градина

0
882

Артички бели волци пристигаат во скопската Зоолошка градина. За првпат овој редок вид на волци ќе бидат жители на нашата Зоолошка.

Артичките бели волци се од Литванија и Германија и се многу редок вид. Мали се една година и треба да пристигнат следниот месец во Скопје. Белите волци ќе бидат втор вид на бели животни во скопската Зоолошка, после белите лавови кои се вистинска атракција за скопјани.